30/01/2020
На 30 јануари 2020, делегација од „Мобилност Битола“ составена од претседателот прим. д-р Нико Јанков, секретарот Митко Фидановски и членовите на УО Лидија Велјановска, Сотир Јоновски и Роберт Ламановски, потпиша меморандум за соработка со организацијата „Жар Преспа“, претставена од претседателката м-р Даринка Веслиевска и секретарот Сотир Чаушевски. Настанот се случи во просториите на „Мобилност Битола“ – канцеларија Ресен. „Жар Преспа“ е организација за културно издигнување и поддршка на лицата со посебни потреби (читај инвалидност), кои заедно со други деца и лица ќе учествуваат во креирањето на животот преку културни настани во кои ќе бидат вклучени сите. „Мобилност Битола“ како инвалидска организација дава сесрдна поддршка на ваквата соработка и активно вклучување на лицата со инвалидност во културните процеси кои ќе придонесат во сеопфатната инклузија и подобрување на животот воопшто.