26/02/2020

Проектен форум на општина Битола

На 26 февруари 2020, во организација на општина Битола се одржа форумска сесија во рамките на програмата „Зајакнување на општинските совети“. Темата на форумот е социјална инклузија. Коорганизатори и поддржувачи се Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП. „Мобилност Битола“ е активен член на ЛЕСС каде што се делегирани и активно учествуваат нашите членки Фанче Георгиевска, чиј придонес како економист и член на УО е особено значаен во економскиот совет, и Лидија Велјановска. Воведните излагања беа од градоначалничката на Битола м-р Наташа Петровска и претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски. Потоа следеше презентација на форумскиот процес (цели, активности, резултати), како и презентација на форумската тема од Ѓорѓи Велковски и Симона Јовевска, и излагања и презентации во работата со групи од Бети Бошковска (СВР) и Бети Булаковска (Здружение на деца со церебрална парализа). Посетеноста беше одлична, а претставници имаше од основни училишта, градинки и други установи. Ова е почеток на серија од презентации и размена на искуства со насоки за работа. „Мобилност Битола“ е вообичаено присутна на овие настани кои се од интерес за лицата со телесна инвалидност.