30/06/2020

Активности на „Мобилност Битола“

Иако пандемијата на Ковид 19 го стави светот на пауза, „Мобилност Битола“ во изминатите неколку месеци сепак успеа да реализира барем дел од своите програмски и статутарни цели. Имено, на 24 февруари 2020 остваривме контакт за прекугранична соработка со партнери од соседна Грција, а дополнителни консултации следеа на 3 март.

На 7 март 2020 година, делегација на „Мобилност Битола“ учествуваше на УО и Собранието на „Мобилност Македонија“. Во подоготовка беше и работилница во Ресен, која требаше да се одржи на 14 март 2020, но заради Ковид 19 е презакажана на неодредено време. На 10 март 2020 продолжи интензивната комуникација со партнерите од Грција. На 16 март, согласно препораките од Министерството за здравство и Владата на РСМ, се затворија канцелариите на „Мобилност Македонија“. На 30 март – нотификација во Падор-базата на ЕУ.

На 1 април 2020 со електронска комуникација УО на „Мобилност Македонија“ ја продолжи одлуката за затворање на канцелариите до 1 мај 2020. Рестриктивните мерки продолжија до крајот на мај.

На 21 мај 2020, преку конференциска врска на „Зум“ беше организиран состанок на УО. Од 22 до 29 мај 2020 се одвиваа последните подготовки и беше испратена апликација за проектот „Алтер трип“ за прекугранична соработка со Р. Грција. Дали проектот ќе биде одобрен и реализиран ќе дознаеме за неколку месеци.

На 25 мај 2020, исто така преку „Зум“, беше организирана седница на УО на „Мобилност Македонија“. Отворена е канцеларијата на „Мобилност Македонија“ и „Мобилност Скопје“, а за другите канцеларии ќе има дополнително известување. Донесена е одлука за реновирање на апартманите во Охрид, а одморите се одложуваат.

Од 1 до 14 јуни 2020, комуникација со членовите на УО на „Мобилност Битола“ и други членови од страна на претседателот и секретарот.