06/03/2021

Набавка на адаптирано возило за лицата со инвалидност од Општина Битола

На 6 април 2021 година, после повеќе процедури и одлуки на Советот на Општина Битола, беше набавено адаптирано возило со странична врата и задна врата со рампа, неколку седишта и место за едно, евентуално две колички. Во очекување на нископоден автобус и адаптирани пристапи за инвалидизирани и тешко подвижни лица, ова комбе начелно е набавено за Дневниот центар за лица со потешкотии, но и за сите други граѓани кои ќе имаат потреба од превоз. Се надеваме дека брзо ќе биде изработен и правилник и календар на услуги за сите заинтересирани. Во секој случај, ова е еден чекор кон подобрување на пристапноста и решавање на проблемите на лицата со инвалидност. Во прилог и видео-материјал од обраќањето на градоначалничката м-р Наташа Петровска и претседателот на ЗИО и на Сојузот на слепи лица од Битола, Стефче Костадиновски.