19/02/2023

Собрание на Мобилност Битола

На 19.02.2023 година, во просториите на ресторанот „Корзо“ во Битола, се одржа отчетното и изборно собрание на Мобилност Битола. Сите 37 претставници-делегати беа уредно поканети, со сите материјали навремено испратени преку електронска пошта, а присуствуваа и се потпишаа 35. На седницата присуствуваше и набљудувачот на Сојузот – генералниот секретар Софче Прчева. Првиот дел – отчетното собрание – помина релативно брзо, со нормално задржување на листата на финансискиот извештај кој беше усвоен со сите други акти, вклучувајќи ја и завршната сметка. Потоа започна конститутивното собрание со формирање на работно претседателство, записничар и оверувачи на записникот. Од страна на претседавачот делегатите беа известени дека сега ќе се изберат сите органи – со претходно верифицирање на мандатот од верификационата комисија, како и кандидационата комисија која ќе предложи претседател, надзорен одбор и дисциплинска комисија. После верификација, кандидационата комисија (составена од 3 члена од Битола, Демир Хисар и од Ресен) даде предлог за претседател да биде досегашниот – прим. д-р Нико Јанков, а потоа предложени беа уште и Николче Станојковски и Лидија Велјановска. По предлагањето од кандидатите на нивните планови за работа, се премина на гласање, при што од присутните 25 – 18 беа за предлогот на кандидационата комисија, за прим. д-р Нико Јанков, 4 беа против, а 3 беа воздржани. Со апсолутно мнозинство, д-р Јанков беше повторно избран за претседател на демоткратски и транспарентен начин. Веднаш по гласањето, претседателот се заблагодари и го поднесе предлогот за УО – Олга Николовска, Роберт Ламановски, Фанче Георгиевска, Кире Ангелковски, Сотир Јоновски и Билјана Тодоровска (18 за, 4 против и 3 воздржани). Потоа се премина на избор на 4 делегати во Собранието на Мобилност Македонија, а претседателот предложи тоа да бидат: Нико Јанков, Митко Фидановски, Сотир Јоновски и Горан Димчевски. Од страна на Николче Станојовски беше предложено за делегат во Сојузот да биде кандидирана Оливера Наковска Бикова, и поради тоа претседателот предложи поединечно гласање. По спроведувањето на поединченото гласање, за Нико Јанков гласаа 18, за Митко Фидановски 17, за Сотир Јоновски 14, за Горан Димчевски 14 и за Оливера Наковска Бикова 11. Со тоа собранието ги избра за делегати во собранието на Мобилност Македонија со четиригодишен мандат: д-р Нико Јанков, Митко Фидановски, Сотир Јоновски и Горан Димчевски.