18/03/2023

Конститутивно Собрание на „Мобилност Македонија“

На 18 март 2023 година се одржа Конститутивното Собрание на „Мобилност Македонија“. Беа присутни 33 делегати, од кои 30 со право на глас. Се работеше по усвоениот деловник согласно Статутот на „Мобилност Македонија“. Претседавач беше најстариот член од присутните – прим. д-р Нико Јанков. Беше предложена и избрана верификационата комисија од 3 члена, и кандидационата комисија од 5 члена. Претходно беа избрани записничар и два оверувачи на записникот. Откако се верифицираше мандатот на 30 делегати, кандидационата комисија даде предлог за еден кандидат за претседател, и тоа досегашниот Бранимир Јовановски, а од страна на делегат беше предложен и Горан Спасов, но тој се откажа од кандидатурата. Потоа се премина на гласање и со апсолутно мнозинство беше избран досегашниот претседател Јовановски, кој и формално ја презеде функцијата и предложи УО од 11 членови кои беа ибрани по процедура. Исто така, избрани беа и 3 членови за Надзорниот одбор, 2 члена за делегати на НСИОМ и 5 членови за Комисијата за именување и избори. Со тоа беа избрани сите тела од надлежноста на Собранието и се усвои програмата и финансискиот план. За делегатите кои не можеа да се верифицираат, беше даден рок по деловникот за средување на документација. Со тоа работата на Собрание заврши.