008/03/2024

Билјана Тодоровска со осмомартовско гостување на МРТВ

Македонската радио телевизија преку своите програми и емисии постојано ги следи активностите на „Мобилност Битола“ и нејзините членови. Прилози за нашите настани, гостувања во живо или со вклучување онлајн се само дел од нивниот придонес да ја информираат македонската јавност за настаните, достигнувањата и предизвиците на нашето здружение и на нашите членови. На 8 март, по повод Меѓународниот ден на жената, гостинка во утринската емисија „Македонија наутро“ беше нашата членка Билјана Тодоровска, поетеса, дипломиран информатичар и магистер по драматургија, но и борец за рамноправност на лицата со попреченост. Во разговорот со новинарката Ружица Ѓоршевска, Билјана разкажа за нејзините секојдневни предизвици и физички бариери кои мора да ги заобиколува, премостува и надминува, како и на многуте начини на кои таа се чувствува системски дискриминирана. Таа се осврна и на некои ограничувачки законски одредби, но и недоволно применување во пракса на веќе постоечките закони, како што е законот за градба. Сепак, нагласи Билјана, има и многу сегменти во кои се чувствува рамноправна, а тоа е нејзиното творештво, искачувањето по скалите во нејзината зграда... „Само физичкото е тоа што нѐ дели“, заклучи нашата членка, која периодов е актуелна и со учеството во театарската претстава „8%?“ на АТО Центарот за современа уметност и култура. Целиот разговор погледнете го на следниот линк: https://youtu.be/no9_oFS7WqY?si=_VYSlVpai3clvr4q