27/06/2024

„Мобилност Битола“ на Универзитот на КОЛОРС

На 27 јуни 2024 година, во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) во Правниот факултет во Битола се одржа работилница со наслов „Од вмрежување до партнерство“. Организаторот е УКЛО, кој е меѓу (засега) деветте универзитети од Европската алијанса на регионални универзитети. Основната дејност е преку вмрежување и градење на партнерски односи со граѓанските организации од заедницата, заеднички да учествуваат во напредното создавање на општествена, зелена и дигитална транзиција. УКЛО е прв македонски универзитет вклучен во КОЛОРС (Колаборативни иновативни одржливи регионални универзитети). Алијанската трасира пат за трансформација на универзитетите и регионите, а покрај нашата земја, во неа членуваат уште и: Италија, Германија, Шведска, Шпанија, Хрватска, Полска, Франција и Летонија. Методологијата на трансформација е со отворање на универзитетот кон бизнис заедницата, граѓанскиот сектор и државата по принципот на четири хеликси. Средиште за мрежни поврзувања и користење на тн. co-space или споделен простор за решавање на актуелни проблеми на нашето живеење. Сите односи се издигаат на ниво на алијансата што ќе овозможи платформа и взаемен напредок на европско ниво. Ова е прва фаза со која го официјализираме нашето заедничко УКЛО партнерство. Инаку, после регистрацијата на присутните, настанот го отвори и поздрави Ректорот на УКЛО проф. д-р Игор Неделковски, додека проектот КОЛОРС го претстави академската раководителка на проектот, вонр. проф. д-р Рената Петреска Нечковска. Студенти од УКЛО споделија досегашни искуства поврзани со волонтеризам во граѓански сектор, а Проректорката на УКЛО проф. д-р Јасмина Буневска Талевска зборуваше за досегашното искуство и активности на УКЛО во правец на соработка со граѓанскиот сектор. Канцеларијата на „споделениот простор“ ја претстави проф. д-р Мимоза Богданоска Јовановска, назначена како Co-space Officer или, по наше, службеничка за споделениот простор, која воедно беше и модераторка на настанот. Меѓу присутните имаше и околу 40 претставници на граѓански организации од разни профили, кои при претставувањето ги искажаа своите досегашни искуства и визии за понатамошна соработка, а ректорската управа, професорите и студентите соработка при вмрежување и партнерство со користење на сите ресурси на УКЛО во смисла на отворањето на универзитетот кон заедницата. Тука е особено важно и користење на услуги во простор, стручна помош, организација и тн. За поздравување е и вмрежувањето на Македонското Научно Друштво од Битола со своите човечки ресурси од 320 доктори и магистри на наука и поврзани со МАНУ. „Мобилност Битола“ веќе 30 години ги користи услугите од МНД. Се разбира дека ова е прв чекор и наесен откако ќе ги искажеме по писмен пат нашите идеи, од септември почнуваме во овој иновативен простор со помош на КОЛОРС и фондовите на ЕУ за оваа намена. Навистина еден освежувачки и надежен настан и база за креативни размислувања за решавање на проблеми и вмрежување до партнерство. Одиме понатаму.