07/09/2024

УО на „Мобилност Битола“ во Демир Хисар

Следејќи ги статутарните и програмски определби на „Мобилност Битола“, а согласно препораките на Собранието, на 7 септември во Демир Хисар беше одржана седница на Управен Одбор на здружението. Седницата се одржа во библиотеката на Домот на културата во Демир Хисар со почеток во 11 часот. Согласно програмата на оваа седница се разгледуваа сите следни активности. Претходно членовите на УО и сите членови на Собранието од Демир Хисар беа известени за сите активности кои се случија во периодот меѓу двете седници. Особено интересна беше дискусијата околу поетскиот конкурс кој заврши кон крајот на август, како и за модалитетите на реализацијата. Инаку беа усвоени предлози, особено за манифестацијата Дефиле на Широк Сокак и традиционалниот излет. Беа донесени повеќе заклучоци и одлуки за периодот што доаѓа. Седницата заврши во 1 часот попладне, а потоа членовите продолжија со дружење во опуштена атмосфера.