На 10.12.1987 година, по свиканата иницијатива на Организацијата на социјално - хуманитарните организации (СХО) , а во присуство на 20 делегати од кои најголемиот број беа од Центарот за социјални работи, органите на СХО, претседателот и секретарот на тогашниот Сојуз на здруженијата на телесни инвалиди на Македонија и неколку ентузијасти, се формира ЗТИЛ – Здружение на телесни инвалиди на Битола. Првите неколку месеци беа исполнети со барање на патишта за активирање на новото Здружение. Во тоа најголемо учество имаше нејзиниот претседател.
До средината на 1988 година, веќе се регистрирани првите членови меѓу кои Митко, Васко, Живко, Марко, Благоја и неколку други. До крајот на 1988 г. се конституираа и органите, и беше свикано собрание. Со изминувањето на годините се зголемуваше и бројот на членови, а со тоа и кадровскиот потенцијал. Треба да се напомене дека освен редовни, уште во тој период беа доста активни и вонредни членови.
Во 1992 година, на сеопшта иницијатива е формирано КУД „Феникс“, кое својата активност, покрај во рамките на Здружението, ја пласираше и во рамките на Сојузот. Од триото „Т“ (Томче, Томе, Трендафил) се прошири со нови членови, Фанче, Диме, Соте, Николчо итн. Во 1997 г. на редовното Собрание беше донесена одлука за проширување на дејствувањето на Здружението во поширок регион, односно беа опфатени и Преспанскиот и Демир – Хисарскиот, а од 1998 г. Здружението се преименува во МЗТИЛ – Меѓуопштинско здружение на телесно-инвалидизираните лица на општините Битола, Демир Хисар и Ресен. Со проширувањето на активноста во 1998 година, беше одржана и првата „Средба на тема“ – Психолошки проблеми кај телесната инвалиност, со што започна нов начин на комуникација. Од тие години се нижеа и успеси на сите полиња, посебно на спортските терени. Овој тренд на активности, со самото зголемување на членството, кое сега брои околу 1100 членови, се одеше со исто темпо во остварување на програмските и статутарни цели на Здружението и Сојузот.
Претседател на МОБИЛНОСТ БИТОЛА од Битола.
дипломиран правник. Секретар на МОБИЛНОСТ БИТОЛА.
Дипломиран економист, член на УО на МОБИЛНОСТ БИТОЛА.
од Ресен. Член на Собрание и УО.
Член на УО на МОБИЛНОСТ БИТОЛА од Битола.
дипл. графички инжињер,Претседател на Надзорниот Одбор.
дипл. информатичар и магистер драматург, поетеса.Член на УО.
Член на НО.
дипл. сообраќаен инжињер.Член на надзорен одбор.
од Демир Хисар.Член на УО.
Член на УО.
email: nikojankov@hotmail.com
https://www.facebook.com/pg/MobilnostBT
+389 (0) 47 232 733
Адреса: Населба Карпош ББ, Центар за социјални работи и Дом на хуманитарни организации, 7000 Битола, Р.М.